Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Изборната конференција, која синоќа се одржа во Центарот за култура, Драгана Коцевска едногласно е избрана нов претседател на младите социјалдемократи во Куманово.
„Од ова место ветувам дека Локалниот клуб на СДММ Куманово, исто како и досега така и во иднина, ќе биде силна поддршка на Општинската организација во сите сфери од нејзиното делување. Но тоа никако не значи дека, како што некој тоа сака да го прикаже, младите ќе бидат „техничка поддршка“ на повозрасните сопартијци, чија единствена обврска ќе биде лепењето плакати. Сакам да ја искажам мојата убеденост дека сите заедно ќе бидеме тим кој ќе придонесе за враќање на епитетот - Куманово бастион на СДСМ “, кажа во своето обраќање Коцевска.
Коцевска е магистер по казнено право, а работи во Државниот инспекторат за транспорт и врски.
Член e на СДСМ од 2014 година, а во претходниот период била дел од Извршниот и Централниот одбор на СДММ. Во 2020 година беше кандидат за пратеник од изборна единица 2.
Доаѓа на местото на досегашниот претседател Мартин Захариев.