Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за култура годинава ќе финасира 45 културни настани и проекти во Куманово.
Во програмата се опфатени најзначајните културни манифестации како што се “Денови на комедија“, “Рома труба фест“, “Меѓународен тамбурашки фестивал“, “Вечер со музика на Трајко Прокопиев“, концерт на “Тоска“, семинар за изучување на изворни инструменти, набавка на носии, инструменти и техничка опрема за КУД “Панче Пешев“, оддржување на албанскиот детски фестивал “Пеперутка“, изложбите “Скици 2014“, самостојни изложби на Валентина Илијевска, Стефанија Петровска и Јордан Ефремов.
Предвидени се по две театарски претстави на македонски и албански јазик за 2014 година. На македонски јазик се претставите “Мајката храброст и нејзините деца“ во режија на Ѕвездана Ангеловска и “Грдиот“ во режија на Дејана Николовска. На албански ќе бидат поддржани претставите “Коренот на Кале“ во режија на Веби Ќерими и “Вечера за глупаци“ во режија на Димитар Еленов на албански јазик.
Министертвото ќе одвои средства за 10 изложби кои ќе бидат поставени во Уметничка галерија, 10 проекти на Народен музеј Куманово, набавка на рефлектори за Меморијален центар АСНОМ во Пелинце, уредување на простор и поставка за Х.Т.Карпош, поставување на информативни табли до Кокино. Средства ќе бидат одвоени и за ФКК “Козјак“, за концертот “Агрон и пријателите“, претстава на албански јазик на здружението “Талиа“.
За книжевниот клуб “Јехона е Карадакут“ се одвоени средства за издавање на две книги и организирање на Карадачки поетски средби.