×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Државата плаќа 1,5 евро за квадрат куќи и ниви во Режановце

    28.10.2013 09:21 | KumanovoNews

     Семејството Крстевски кое живее на влезот на Режановце се наоѓа во најнеповолна состојба затоа што на нив новиот надвозникот на пругата Куманово-Бељаковце ќе им поминува низ дворот и низ куќата, а државата им нуди оштета од 185 евра.

    Државата плаќа 1,5 евро за квадрат куќи и ниви во Режановце

    Педесетина семејства од кумановското село Режановце ја обвинуваат државата дека по багателна цена сака да им го откупи земјиште на кое ќе се гради надвозник и пат како дел од пругата Куманово-Бељаковце од Коридорот 8. Жителите се жалат дека Министерсвото за финасии одредило единствена цена од 1,5 евро за квадратен метар за првокласно обработливо земјоделско земјиште, плацеви, овоштарници, дворови и куќи, при што за повеќе од десетпати е намалена пазарна вредност на имотот.

    Се работи за земјиште од прва и втора класа кое вреди 10, 15, 20 евра по квадрат затоа што е под вода. Мојата нива од 1700 квадрати за мене нема цена затоа што јас од неа живеам и од еден квадрат добивам од 10 до 13 килограми компири што чинат околу 250 денари, а државата сака да ми ја купи за 90 денари по квадрат. Подобро нека ја земат без пари отколку вака да не понижуваат-вели Душко Николовски.

    Семејството Крстевски кое живее на влезот на Режановце се наоѓа во најнеповолна состојба затоа што на нив новиот надвозникот на пругата ќе им поминува низ дворот и низ куќата.

     Како ќеа го изведат тоа не ми е јасно. Како планираат да земат само 4 квадрати во куќата. Ако се реализира проектот ние нема да можеме да живееме од вибрации на возовите и автомобилите. На нас ќе ни се одземат две ниви, плус 120 квадрати од дворот и 4 квадрати од куќата. Во решението стои дека за дворот и куќата ќе добиеме оштета од 185 евра. За да поднесеме жалба на Суд за сите три парцели одвено треба да платиме такса од 200 евра.- вели сопственичката Марина Крстевска.

     Мештаните бараат од надлежните одлуката да се преиспита одлуката за цената на експропријаци, а во спротивно најавуваат блокада на градежните активности што се планирани да започнат во декември годинава.

    Ние немаме ништо против изградбата на инфраструктурата за пругата, но бараме реално да бидеме обештетени. Ставени сме пред свршен чин, бидејќи немаме можност да преговараме за цената, туку само да тужиме. Затоа ги повикуваме од Министерството за финасии да дојдат на терен и да се договориме за цената без да одиме на суд. Во проценките за плаќање данок земјата ни ја ценат од 2 до 20 евра, а сега кога треба тие да ја платат целосно ја обезвреднуваат - вели претседателот на месната заедница Режановце Трајан Димковски.

    Режановце е едно од побогатите кумановски села поради плодното земјиште и  одгледувањето на раноградинарски производи со кои го снабдуваат регионот и пошироко.

                                                                             (Вест)