×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дуалното образование дава резултати, учениците задржани во општинските училишта

    22.09.2021 13:18 | Сузана Николиќ

    Социјалниот дијалог, кој го започнавме оваа календарска година со компаниите, училиштата и локалните самоуправи, со цел да се воведат струки што се побарувани во реалниот сектор и тие да се спроведуваат во средните училишта во општините даде резултати. 

    Дуалното образование дава резултати, учениците задржани во општинските училишта

    Од една страна имаме зголемен број на ученици кои се запишани во средните стручни училишта и на тој начин се задржани во своите општини, каде се надеваме и ќе останат да работат, а од друга страна се подигна квалитетот на образованието, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната посета на СОУ„Ѓорче Петров“ од Крива Паланка.

    На национално ниво, како што рече Царовска, во дуалното образование запишани се 1.400 ученици и има 97 дуални паралелки, додека минатата година имало само 11 вакви паралелки.

    „Потпишани се договори со над 200 компании за спроведување на практичната настава за учениците и продолжуваме со социјалниот дијалог со компаниите , така што во идниот период очекуваме зголемување на бројот на струките според потребите на пазарот на труд“, истакна Царовска.

    Во СОУ„Ѓорче Петров“ од Крива Паланка оваа учебна година има 5 стручни паралелки во прва година од кои 4 се од дуалното образование. Тоа се новововедената здравствена струка- медицинска сестра во која се запишани 28 ученици, потоа струката машински техничар со 20 ученици, техничар за компјутерска техника и автоматика со 26 ученици, угостителски техничар со 10
    и автомеханичар со 6 ученици.

    „Иако основното образование во општината годинава го завршија 50 ученици помалку, сепак нашето училиште според бројот на запишани ученици остана на исто ниво како минатата година. Тоа значи дека сме направиле правилен избор со кампањата „Учи паметно-работи стручно“ за зголемување на бројот на ученици во стручните паралелки и нивно задржување во општината“,
    рече директорката на СОУ„Ѓорче Петров“, Габриела Стаменковска.

    Најголем интерес во Крива Паланка годинава предизвика нововедената струка за медицински сестри, за што интерес пројавиле и 15-тина лекари за вклучување како наставен кадар од Здравствениот дом „Академик проф. д-р Димитар Арсов“, но и од приватните здравствени установи.

    Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, пак, подвлече дека минатата година биле реновирани и опремени сите кабинети за соодветна настава и во стручните и во гимназиските паралелки и дека се создадени услови за задоволување на потребите на општината и заедницата.