Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членовите на здружението „Пчела“ од Куманово се придружуваат на прославата на 11 ноември - Денот на осолободување на Куманово со организрање на Саем на мад на градскиот плоштад во Куманово. Излагачи се 17 члена на здружението и еден гост-учесник, пчелар од Берово.
Манифестацијата ќе трае два дена, петок и сабота на Градскиот плоштад „Нова Југославија“.
„Би биле задоволни доколку би имало најмалку половина од посетителите што ги имавме на Деновите на мед од пред еден месец. Ќе трае два дена, и гледавме да се уклопиме и ние како здружение во сите активности што ги има во Куманово“, изјави Бобан Стошевски, претседател на Пчела.
Саемот има продажен карактер, а покрај природен мед посетителите можат да се снабдат и со медова ракија-медењача, лешник крем направен на основа на мед, прополис, матичен млеч и други здрави и органски пчелини производи.