×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Два нови проекти за меѓугранична соработка со Бугарија потпишани денеска во Куманово

    06.03.2023 14:54 | Оливера Пешевска

    Во  Куманово денеска беа потпишани договори за национално кофинасирање со Министерството за локална самоуправа за реализација на два проекти во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија. Договорите ги потпишаа министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, градоначалникот Максим Димитриевски и ВД директорот на Фондацијата за култура и спорт Марио Арангеловски.

    Два нови проекти за меѓугранична соработка со Бугарија потпишани денеска во Куманово

    Општина Куманово  ќе го спроведува проектот „Подобрување на туристичкиот потенцијал во Ќустендил и Куманово преку модерна визија за регионите“,кој се однесува на равој на тирузмот и зголемување на капацитетите на туристичката понуда во прекуграничниот регион.

    Вториот проект „Соработка во визуелни уметности за промоција на културниот идентитет на регионот“  ќе го реализира Фондацијата за култура и спорт од Куманово.

    „Ќе соработуваме со Општина Банско ,Р.Бугарија и конкретно сме фокусирани на краткометражен документарен филм. Делото треба да се изработи во наредните шеесетина дена, а веќе во септември ќе биде проектиран во Занаетчискиот дом“,рече ВД директорот на фондацијата,Марио Арангеловски, кој информираше дека Фодацијата веќе добила техничка опрема која ќе им служи на сите граѓани на Куманово.

    Министерот Пенов потенцираше дека во рамките на  прекуграничната соработка досега во двет држави се реализирани повеќе успешни проекти  при што  се искористени 40 милиони евра и се завршени 178 проекти.

      „Од месец јуни,пак, започнува имплементацијата на ИПА 3 програмата, потпишани се договорите за нови 30 милиони евра и тоа е шанса и Општина Куманово да аплицира и да добие средства  за проекти кои ќе бидат од интерес на граѓаните на Куманово“,  истакна Пенов.

    За него од особено значење е и  проектот од  Швајцарската влада преку кој за општината ќе бидат обезбедени 3 противпожарни  возила, ќе се реконструира противпожарната зграда и ќе се набави модерна опрема за 60 пожарникари, со што  се заокружува еден од најважните проекти на Владата - во сите региони да се обноват противпожарните возила.

    Соработката меѓу општината и ресорното министерство беше оцената како задоволителна, но се остава простор и за дополнителен ангажман на централната власт во обезбедување на помош за целиот Североисточен регион.

     „ Имаме интерес општината да се унапредува. Се надевам дека ќе се изнајдат сили за обезбедување на поголеми средства за соодветен регионален развој, кои се повеќе од потребни за да се имплементираат капитални регионални проекти, каде директни бенифициенти ќе бидат општините“, посочи градоначалникот Максим Димитриевски.

    На средбата беше потенцирано и дека преку Бирото за регионален развој, на  барање на градоначалникот Димитриевски, се работи на многу значаен проект за поставување на 49 нови, модерни контејнери, во вредност од 21 милион денари, кои за првпат ќе бидат применети и приспособени за лицата со посебни потреби. Во план е и набавка на  три градежни машини за регионот и започната е реконструкција на дел од спорстката сала.