Два земјотреси во Свети Николе и Штип
12.04.2023 09:03
| Сузана Николиќ
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија рано утринава регистрираше два земјотреса 70 километри југоисточно од Скопје, кои потекнуваат од епицентралното подрачје Свети Николе - Штип.

Според податоците со кои располага опсерваторијата земјотресите се случија во 3 часот и 24 минути и 4 часот и 11 минути со
соодветни Рихтерови локални магнитуди M L 3.0 и M L 2.1, и интензитети III-IV и II-III степени според Европската макросеизмичка скала.
Земјотресите биле почувствувани од населението во Штип и околината.