×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дваесет и деветa седница на Совет

    07.07.2010 09:35 | KumanovoNews

     Советот на Општината Куманово утре ќе одржи редовна седница. На двесет и деветата седница на дневен ред се 19 точки.  

       

    Дваесет и деветa седница на Совет

     1.    Предлог – Одлука за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Куманово;

    2.    Извештај за реализираните програми на културните манифестации „Кумановско културно лето 2009 “, „Ноемвриски денови 2009 “ и „Пречек на новата 2010 година“;

    3.    Предлог – Оперативна Програма на културни манифестации во Општина Куманово за III квартал во 2010 година;

    4.    Информација за запишување на учениците во прва година во средните училишта во Општина Куманово за учебната 2010 – 2011 година;

    5.    Предлог – Одлука за делегирање на дел од надлежностите на Општина Куманово во областа на социјалната заштита;

    6.    Предлог – Правилник за начинот и постапката за делегирање на надлежности на здруженија на граѓани за вршење на одредени работи од областа на социјалната заштита;

    7.    Предлог – Одлука за утврдување на право на користење на вонинституционална заштита и на критериуми за доделување на приоритети за остварување на ова право

    8.    Предлог – Одлука за утврдување на право на користење и на критериуми за доделување на средства во вид на еднократна парична помош и помош во натура;

    9.    Предлог – Правилник за начинот на остварување на правото на користење на средства во вид на еднократна парична помош и помош во натура и потребната документација за остварување на ова право;

    10.    Предлог – Програма за организирање и обезбедување на социјалната заштита во 2010 година;

    11.    Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти КУМАНОВО-ГАС  Kуманово;

    12.    Предлог – Решение за давање согласност на Статутарната одлука за дополнување на статутот на Јавната општинска установа - Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово;

    13.    Предлог – Решение за давање согласност на Oдлуката за отуѓување на основни средства – дрвена столарија, метална браварија и цевки на Библиотека „Тане Георгиевски“ - Куманово;

    14.    Предлог – Одлука за измена на Одлуката за формирање на Комисија за утврдување на пазарна вредност на недвижен имот за правни и физички лица за пресметка на данок на имот на подрачјето на Општина Куманово;

    15.    Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – ДУП за УЕ „Тоде Мендол„ – Урбан блок 61, плански опфат меѓу улиците: „Благој Илиев Гуне“, „Доктор Рибар“, „Перо Илиевски“ и „Киро Антевски“ – Општина Куманово;

    16.    Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт ДУП за УЕ „Долно Којнаре“, Урбан блок 1 – Општина Куманово.

    17.    Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – ДУП за УЕ „11 – ти Ноември“ УБ 64 – ж, Плански опфат меѓу ул. „11 – ти Ноември“, ул. „Никола Вапцаров“, ул. „Васил Главинов“, ул. „Босанска“, ул. „Крсте Мисирков“, ул. „Црнотравска“ и крак од ул. „Никола Вапцаров“ – Општина Куманово;

    18.    Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – ДУП за дел од УЕ „11 – ти Ноември“, Урбан блок 65 – 3 и 65 – 13, плански опфат меѓу бул. „11 – Ноември“, ул. „Босанска“ и ул. „Васил Главинов“ – Општина Куманово;

    19.    Нацрт – Стратегија за развој на образованието во Општина Куманово за период 2011 – 2016 година.