×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дваесет месеци затвор за возачот кој тешко ја повреди претседателката на Кумановскиот суд

    28.03.2023 15:59 | KumanovoNews

    М. Д. (47) од Куманово доби 20 месеци затвор за сообраќајка која ја предизвикал на 11 февруари 2021, во 19 часот на крстосницата на улиците 11 Октомври и Сава Ковачевиќ во Куманово. 

    Дваесет месеци затвор за возачот кој тешко ја повреди претседателката на Кумановскиот суд

    Во сообраќајката со тешки телесни повреди се здоби кумановката Снежана Манев, претседателка на Основен суд Куманово. Оваа одлука на Основен суд Велес ја потврди и Апелациониот суд од Скопје и е правосилна.

    На обвинетиот му се судеше за кривичното дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот“ кое го сторил со умисла. Овој предмет беше изземен од надлежност на кумановскиот и доделен на велешкиот суд, поради тоа што оштетена беше претседателката на судот во Куманово.

    Судијката од добиените повреди 21 ден била во кома и во мошне тешка здравствена состојба. Обвинетиот таа вечер на пешачки премин, со неговиот автомобил „фолксваген голф“ ја удрил Манев движејќи се од центарот кон периферијата на градот.

    (извор.сдк.мк)