Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Над дваесетина граѓани побарале лекарска помош на хируршкото одделние во Кумановската болница откако паднале на подмрзнати тротоари и улици.
Дел од граѓаните се здобиле со сериозни повреди додека некои поминале полесно.
Главно се работи за скршеници на рачни и скочни зглобови, како и повреди на колкови и рбет. Од завчера, кога падна првиот снег работата ни е зголемена за неколку пати. Вообичаено во зима имаме повеќе прегледи и од почетокот на годината на преглед дошле околу 100 пациенти, но последните денови работата посебно се интензивира- вели др Стефан Трајановски, специјалист ортопед-хирург.
И во Итната помош потврдуваат дека снегот им ја зголемил работата.
Кај нас се донесени четворица повредени и тоа со повреди на пределот на градниот кош, на потколеница, потрес на мозок, а ден преходно имаше уште еден граѓанин со повреда на потколеница. Пренесени се на хирургија заради лекување. Овој период имаме зголемен обем на работа поради хронични болни, бронхити, карцином - рече Будимир Трајковски, општ лекар во Брза помош.
На граѓаните им се препорачува да внимаваат каде се движат, да ги избегнуваат тротоарите кои се неисчистени од снегот и на кои сеуште има мраз, како и да носат соодветни обувки и облека за заштита од ниските температури и замрзнатите тротоари.