×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • 20-годишник со „ауди“ удрил во малолетничка на пешачки, МВР со детали за синоќешните сообраќајки

    08.05.2023 13:10 | Сузана Николиќ

    Две сообраќајни несреќи се случиле ноќеска на улиците во Куманово, при што две лица се повредени, по што МВР излезе со детали.

    20-годишник со „ауди“ удрил во малолетничка на пешачки, МВР со детали за синоќешните сообраќајки

    Во  23.10 часот во СВР Куманово било пријавено дека на булеварот „Октомвриска Револуција“ во Куманово, патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(20) од Куманово, удрило во малолетен пешак. Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. 

    Околу 23.00 часот на крстосницата од регионален пат Куманово - Св.Николе со крак од ул„42“ и ул„400“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од С.И.(34) од Куманово и мотоцикл „сузуки“, управуван од М.С.(18) од Куманово. Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општа болница Куманово. 

    И во двата случаи екипи од СВР Куманово извршиле увид на местото на несреќите.