Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Жител на Куманово и на селото Кутлибег полицијата пронашла пиштоли за кои сопствениците немале дозволи.
Во текот на октомври лани кај А.А.(71) од Куманово во УО “Натура“ при претрес на пријавениот пронајден е пиштол марка “браунинг 1922“ и рамка со пет куршуми кои ги поседувал без дозвола.
Во домот на С.Ј.(43) во с.Кутлибег при претрес лани во јуни се најдени пиштол “сауер“ кал.6,35, рамка со 17 куршуми и 242 петарди кои ги поседувал без дозвола.
Против двајцата се поднесени кривични пријави за “недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали“.