Двајца кумановци се степале со сограѓанин, па му ја прегазиле ногата со автомобил
21.03.2023 20:42
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против двајца кумановци, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,насилство“.

Во место викано ,,Маркова нива“, пријавените започнале физичка пресметка со нивен сограѓанин, по што едниот со неговото возило му ја прегазил ногата на тепаниот, нанесувајќи му тешка телесна повреда.