×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Двајца новозаболени и еден оздравен од коронавирус во Куманово

    20.05.2020 11:43 | KumanovoNews

     Денеска во Куманово регистрирани се двајца новозаболени и еден оздравен од коронавирус.

    Двајца новозаболени и еден оздравен од коронавирус во Куманово

    Институтот за Јавно здравје, на ниво на државата регистрираше 16 оздравени пациенти:  Скопје 7, Куманово 1, Тетово 3, Велес 1, Кочани 1 и Неготино 3

    Во изминатите 24 часа направени се 512 тестирања, а регистрирани се 19 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-11, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-1, Струмица-1 и Виница-1. Досега во земјата се направени вкупно 22767 тестирања на КОВИД -19.

    Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 223 теста се во рамките на скринингот во градинки и нема позитивни. Од досега направените 1131 тестирања на вработените во градинките потврден е само еден позитивен случај на КОВИД-19 во Битола.

    Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (65) примена на 11 мај, пациент од Скопје (71), хоспитализиран на 16 мај и пациент од Тетово (73) во болница од 11 мај.

    На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Прилеп (41г) кој повеќе од 40 дена се лекувал на клиниката.

    Вкупната бројка на КОВОД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1858, бројката на оздравени пациенти е 1367, на починати е 110, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 381.