Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа регистрирани се 498 нови случаи на ковид-19 и направени се 2467 тестирања.
По градови во Скопје 246 новозаболени, во Куманово-30, Дебар-1, Штип-10, Прилеп-34, Тетово-19, Струга-15, Велес-5, Битола-10, Охрид-21, Кавадарци-14, Гостивар-19, Гевгелија-12, Струмица-8, Крива Паланка-9, Радовиш-1, Крушево-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Македонски Брод-4, Пехчево-4, Берово-2, Валандово-3, Делчево-1, Свети Николе-1, Кичево-7, Неготино-12.
Починати се 17 лица, шест пациенти од Скопје (66, 45, 77, 72, 77, 67), двајца од Куманово (62 и 58), еден од Прилеп (78), еден од Тетово (59), еден од Струга (81), тројца пациенти од Велес (75, 77 и 81), еден од Охрид (69), еден од Крушево (54) и еден пациент од Неготино (60). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 606 оздравени пациенти.
Досега во земјата се направени вкупно 396.797 тестирања на ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 82301, бројката на оздравени пациенти е 60256, на починати е 2473, а бројот на активни случаи изнесува 19572.