×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Двајца починати и 56 новозаболени од ковид-19 во Куманово

    25.03.2021 21:30 | KumanovoNews

    Во Центарот за јавно здравје во Куманово, регистирани се двајца починати, 56 новозаболени и 23 оздравени од коронавирус.

    Двајца починати и 56 новозаболени од ковид-19 во Куманово

    Направени се 3.897 тестирања, а регистрирани се 1.264 нови случаи. Новите случаи по градови се во Скопје – 585, Прилеп – 60, Битола – 59, Штип – 58, Куманово и Велес по – 56, Кавадарци – 42, Струмица – 36, Тетово и Охрид по – 35, Гостивар – 31, Гевгелија – 28, Кочани – 22, Свети Николе – 21, Неготино – 17, Кичево, Берово и Пробиштип по – 13, Ресен – 11, Радовиш – 9, Валандово и Крушево – по 8, Струга – 7, Демир Капија и Пехчево – по 6, Крива Паланка, Делчево, Виница и Богданци – по 5, Македонски Брод – 3, Кратово и Демир Хисар – по 2, Дебар и Македонска Каменица по – 1.

    Дваесет и девет лица на возраст од 38 до 86 години, починаа во изминативе 24 часа поради компликации од ковид-19.

    Починати се 8 пациенти во Скопје, по 3 пациенти од Охрид и Струмица, по 2 пациенти од Куманово, Струга, Велес и Крушево, и по едно починато лице е пријавено од Кавадарци, Прилеп, Битола, Тетово, Кочани, Валандово и Демир Капија. Од пријавените, 28 лица се починати во болнички услови, а едно лице во домашни услови.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрираше 722 оздравени пациенти. Од Скопје 331, Охрид 59, Кавадарци 36, Прилеп 33, Неготино 25, Битола 24, Куманово 23, Гостивар и Крива Паланка по 22 и др.

    Досега во земјата се направени вкупно 603.679 тестирања на ковид-19.

    Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 123.491, бројката на оздравени пациенти е 103.374, на починати е 3.574, а бројот на активни случаи изнесува 16.543.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 55184, активни 8362,

    Прилеп 6715, активни 988,

    Куманово 6451, активни 664,

    Тетово 6106, активни 508,

    Гостивар 4342, активни 406,

    Кавадарци 4240, активни 677,

    Велес 4198, активни 573,

    Битола 4113, активни 549,

    Штип 4088, активни 353,

    Охрид 3932, активни 616.