Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на регионалниот пат с. Младо Нагоричане - граничен премин Пелинце, во атар на с.Алгуња, општина Старо Нагоричане.
Сообраќајката се случила вчера во 07.30 часот, кога патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(24) од Скопје, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката М.П.(20) од Скопје, а со телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.