Двајца повредени при судир на мотор и автомобил во Куманово
13.05.2023 12:23
| Сузана Николиќ
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа на бул. „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово.

Сообраќајката се случила вчера во 10.40 часот, помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Ф.С.(40) од с. Гошинце, и мопед „РКС снипер 50“, управуван од С.И.(45) од Куманово.
Во несреќата С.И. се здобил со тешки телесни повреди, а Ф.С. со телесни повреди, констатирани во Општата болница - Куманово.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.