×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дванаесет згради се пријавиле за проектот енергетска ефикасност

    14.09.2015 14:59 | KumanovoNews

    Дванаесет згради се пријавиле во општина Куманово, за учество во проектот за енергетска ефикасност кој се спроведува заедно со Хабитaт Македонија.

    Дванаесет згради се пријавиле за проектот енергетска ефикасност

    Тука спаѓаат осмокатница, зградите на “Ленинова“, над скопски дуќани, “Доне Божинов“ бр.24, “Браќа Рибар“ бр.130, “Октомвриска револуција“ бр.4, “Тодор Велков“ спротив Центарот за вработување, “Димитар Влахов“ бр. 32, “Драган Стопаревиќ“ бр.10, “Народна револуција“ бр.1, “Илинденска“ бр. 50 и “Димитрије Туцовиќ“ бр. 2. Дел од зградите ќе треба да ја докомплетираат својата документација, а освен тоа потребна е стопроцентна согласност од станарите за да зградата биде вклучена во проектот. Зависно од временските услови годинава или во 2016 година ќе се почне со работа на фасадите и покривите од овие згради.

    Проектот ќе се спроведува во фази. Знаете, изработка на фасада и покривна конструкција зависи од временски услови. Ние да ги подготвиме сите документи, а потоа физичката реализација ќе зависи од временските услови. Ние имаме можност во 2015 и 2016 да реализираме според тоа какви ќе бидат временските услови. Овдека се пријавиле апликанти, згради кои ќе учествуваат во проект кој го реализираат Хабитат и општина Куманово. Куќните совети, станарите се тие кои ќе си изберат најповолна понуда за работите кои ќе бидат реализирани - вели Горан Митевски, раководител на сектор за меѓунардона соработка и евроинтеграции.

    Проектот се спроведува три години и досега три згради во централното градско подрачје беа опфатени со него. Зградите ќе добијат нов лик, а станарите ќе можат да заштедат и да ги повратат средствата кои Хабитат и општината ги инвестираат за енергетска ефикасност.