Мени

Две деца и жена повредени при превртување на четирицикл во Доброшане

27.07.2026 19:30 | KumanovoNews

Тројца се повредени, меѓу кои и две деца, во сообраќајна несреќа во населбата Доброшане, откако се превртел четирицкл.

Две деца и жена повредени при превртување на четирицикл во Доброшане

Несреќата се случила во саботата околу 20 часот, кога 30-годишна жena изгубила контрола над возилото што го управувала и се превртела.

„Во СВР Куманово било пријавено дека на крстосницата на улиците „Козјачка“ и „Велко Стаменковски“ во село Доброшане, кумановско, С.П. (30) од Доброшане, управувајќи четирицикл со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола над возилото и се превртела на коловозот“, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило петгодишно дете, додека со телесни повреди се здобиле жената која го управувала четирициклот и осумгодишно дете, сите од село Доброшане. Повредените биле пренесени во Општата болница во Куманово, каде што им била укажана лекарска помош.

 Извршен е увид од екипа на СВР Куманово.