Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Фирмите “Катинг“ од Скопје и “АГП“ од Свети Николе се задолжени за зимско одржување на улиците и патиштата во Куманово.
По првиот снег вчера екипите на двете претпријатија излегле на терен за да ги расчистат улиците во центарот на градот и угорниците каде може да дојде до поголем сообраќаен метеж.
- Градските улици се расчистени и е фрлени се првите количини на сол. На температури пониски од -5 степени солта не делува, но засега имаме температури кои се над нулата. Улиците се поделени во источна и западна зона. Во самите зони има приоритетни улици - вели Валентина Алексовска, секретар на Општина Куманово.
Во источна зона улици од прв приоритет се: Доне Божинов, Тоде Думба, АВНОЈ, Видое Смилевски - Бато, Драган Стопаревиќ,Лесковачка, Благој Богдановски - Гуцман и други.
Во западна зона приоритетни улици се : 11 октомври, 11 ноември, 3 МУБ, Гоце Делчев, Никола Тесла, ЈНА, Сава Коваќевиќ и други.
Има улици кои не во надлежност на Општината и локалните патишта, но тие ќе се чистат по наредба на инвеститорот.
За да го добијат тендерот фирмите поседуваат најмалку два камиона, грејдер, булдожер, најмалку 30 тони сол и друго.
Општината за зимско одржување на улиците ќе потроши 12,4 милиони денари.