Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Два објекти на градинката „Ангел Шајче„ во Куманово се дивоградби. Зградите кај Градскиот стадион и Зелениот пазар, кои се изградени пред 50 години немаат планска документација.
Ние имаме сериозени проблеми што двете градинки ни се диоградби. Пред неколку години сакавме да доградиме неколку училници во Синоличка, но неможевме, поради тоа што објектот е дивоградба. Не сме опфатени ни со процесот на легализација што се спроведува, бидејќи сме правен субјект. Затоа барам од Општината да ни помогне во решавање на овој проблем - побара директорката Марина Алексовска од Советот на Општината Куманово.
Решенито треба да се бара кај службите на локалната администарција и Министерството за транспорт и врски.
Објектите на градинките се градени во 60-тите години на минатиот век и за тогашната држава не претставувало проблем да се изградат на постојните локации.