×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две екипи на ученици и публика од Куманово и Липково се степале по фудбалски натпревар

    02.11.2022 21:28 | Сузана Николиќ

    По завршување на средношколски фудбалски натпревар во Куманово настанала физичка пресметка помеѓу две групи на ученици и публиката. 

    Две екипи на ученици и публика од Куманово и Липково се степале по фудбалски натпревар

    „Во Полициската станица Куманово вчера бил извршен службен разговор со 11 лица од општина Липково во врска со физичка пресметка што се случила околу 13.15 часот во спортска сала на средно општинско училиште „Перо Наков“ во Куманово, по завршување на фудбалски натпревар помеѓу ученици од две средни училишта од Липково и Куманово“, соопштува МВР. 

    Според пријавеното, физичката пресметка започнала по завршување на натпреварот помеѓу членови на двете екипи, по што се вклучиле и повеќе лица од публиката.

    СВР Куманово презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.