Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Лилјана Ѓуревска и Азра Јунузи од Куманово се првите добитнички на наградите за редовните патници што ги доделува компанијата за домашен и меѓународен патнички превоз „Руле - Tурс“ од Скопје.
Двете добитнички купиле дневни билети, едната на Автобуската станица во Куманово, а другата во Скопје, по што следело пријатното изненадување.
„Како и секогаш, ветувањата дадени од „Руле-Турс“ се исполнуваат. Ветивме изненадувања за нашите патници кои купуваат дневни карти од Куманово за Скопје и од Скопје за Куманово. Денеска среќата се насмевна за нашите патнички Лилјана Ѓуревска од Куманово, која патуваше од Куманово за Скопје и Азра Јунузи, студент од Куманово, која патуваше од Скопје за Куманово. Двете наши патнички добија како подарок ваучер во вредност од 2000 денари, за пазарување во маркетите на „Елида“, соопштуваат од компанијата.
Изненадувањата ќе продолжат секоја седмица во различен ден и со различно поаѓање, а ќе се состои од подарок за верните патници.
Од „Руле-Турс“ велат дека многу брзо и за патниците од другите градови, кои се возат со нивните автобуси ќе има подароци и изненадувања.
Триесетгодишнината од својатата работа „Руле Турс“ сака да ја одбележи со посебни поволности и изнанадувања за патниците, кои во континуитет ги користат нивните услуги на релацијата Куманово - Скопје.
Од вчера сите патници кои ќе извадат три последователни месечни карти, на релација Куманово - Скопје и обратно, за четвртата карта ќе добијат 30 отсто попуст. За останатите патници кои редовно патуваат со дневни карти, по случаен избор ќе следуваат вредни награди.
(ПР - текст)