Повредени две момчиња на скутер на раскрсницата на „Трета МУБ“ и „Перо Чичо“
Во сообраќајна незгода на раскрсницата на „Трета МУБ“ и „Перо Чичо“, повредени се две момчиња кои се возеле на скутер.

„Сообраќајката се случила завчера околу 23.10 часот помеѓу патничко моторно возило „фолксваген шаран“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.Г.(31) од с.Клечовце, кумановско и мопед „априлиа“ со битолски регистарски ознаки, на кој се превезувале Д.Т.(18) и 15 годишен малолетник, двајцата од Куманово“, соопшти МВР.
По несреќата Д.Т. и малолетникот биле пренесени во Општата болница Куманово, каде од лекар на Д.Т му биле констатирани тешки телесни повреди, додека на малолетникот му биле констатирани телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.