×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две претстави на Театар Куманово ќе гостуваат на одбележувањето на 100 години Театар Штип

    08.02.2023 12:57 | KumanovoNews

    Кумановскиот театар ќе гостува со две претстави во штипскиот Центарот за култура „Ацо Шопов“, во рамките на одбележување на 100 години Театар Штип .Пред штипјани ќе бида изведени „Драма изгубена во времето“ во четврток на 9 февруари и „Секс и лаги“ во сабота на 11-ти февруари.

    Две претстави на Театар Куманово ќе гостуваат на одбележувањето на 100 години Театар Штип

    НЦУК „Ацо Шопов-Театар Штип“ годинава одбележува два јубилеи -100 години од формирањето на првата аматерска театарска група и започнувањето на театарот со работа и еден век од раѓањето на нивниот патрон Ацо Шопов. Во рамките на прославувата под мотото „100 години на заеднички пат“, планирани се многу театарски и поетски настани,а и голем број на гостувања,  меѓу кои и  на кумановските претстави.

    „Драма изгубена во времето“ е продукција на Театар Куманово,премиерно изведена во 2021година ,а во неа настапуваат актерите Горан Илиќ и Кети Дончевска Илиќ.Работена е по текст на Сашко Насев, според мотиви на „Темносино,речиси црно“на Танасис Валтинос. Режијата е на Владлен Александров. 
    Комедијата „Секс и лаги“ премиерата ја имаше на затворањето на Деновите на комедијата во Куманово во 2022 година, го предизвика вниманието на публиката и забележа повеќе гостувања во театрите во државата. Во неа настапуваат Марко Трајковиќ, Сања Русевска, Жарко Јовановиќ, Нина Максимова, Александра Михајловска, а гостуваат актерите Анастасија Величковиќ и Никица Јанковски.Претставата е според текст на Марк Камолети, во режија на Драгана Таневска