Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Кумановската полиција регистрирани се три случаи на напади во семејства во Куманово.
Вчера околу 02.00 часот во СВР Куманово, 49 - годишна жена од Куманово пријавила дека била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг В.Б..
„Истата ноќ во 01.20 часот, полициски службеници го лишиле од слобода Џ.В.(33) од Куманово затоа што физички ги нападнал неговата сестра и нејзиниот малолетен син. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.
Вчера во 12.20 часот, бил приведен и Д.С.(28) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.