×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дводневен семинар за традиционална музика и игра „Шопци/Которци“ се одржа во Куманово

    09.05.2023 18:02 | Оливера Пешевска

    Се одржа второто издание на семинарот за традиционална музика и игра, наречен „Шопци/Которци“ во просториите на Центарот за култура во Куманово.  

    Дводневен семинар за традиционална музика и игра „Шопци/Которци“ се одржа во Куманово

    Семинарот имаше за цел да ја приближи локалната трaдиција и да го презентира нематерјалното наследство од шопско-которскиот крај. Предавачи беа етнокореолозите Бојан Петковски и Симона Китановска.

    Различната материјална и духовна култура била значајна бариера во минатот. На потегот од Куманово, тогаш наречено Жеглигово, кои се кон Штип и Свети Николе, кон крајот на деветнаесетиот век живеело население со идентична раса, верска и национална определба, но други фактори правеле значајна поделба меѓу нив. Се сретнуваат два различни називи за населението Шопци и Которци“, објаснува Бојан Петковски, автор на семинарот.  

    Тој ги објасни карактеристиките на носијата и колку таа влијаела на нивната перцепција различностите и создавањето на називите - шоп и которец.

    На овие семинари авторите се водат со премисата дека „само со осознавање на локалното можеме да стигнеме до глобално знаење“.

    „Во времето во кое живееме имаме мегаломанска потреба од знаења, но тие мора да се остварат само преку спознавање на локалните карактеристики, за да можеме да стигнеме до глобални знаења. Многу е важна инфилтрација на млади кадри, затоа што традицијата е важно да се пренесе кон младата популација, но со современи техники и методи. Затоа семинарот работи на еден поразличен концепт на интерактивни работилници со публиката, поинакво поставување на целиот семинар за да можеме да стигнеме до младите“, изјави Петковски.

    Кога го создавале концептот за овие обуки немале целна група. Само сакале да го доловат и претстават на што поголем број на луѓе. Пред се е наменето за локалните жители и да ја претстават на сопствената локална традиција и на помладите и на возрасните. Семинарот нуди од базични занења, наменети за помладите и луѓето кои не се занимаваат со етнологија до многу посериозна научна публика, луѓето кои доаѓаат од музеи и кои веќе се научници во областа.

    На семинарот се разработувала сцената и координација на сцена, сценски движења и методика на традиционалните ора.

    Проектот е подржан од Министерството за култура.Влезот е слободен за сите заинетерсирани.