Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Занаетчискиот дом вечерва во 20 часот ќе започне годинешниов „Џез Фестивал-Куманово 2023“. На фестивалот ќе настапи квартетот Инсајд суисајд и Гоце Мицанов, кој за прв пат настапува на џез фестивалот во Куманово.
„Би сакал сите љубители на џез музиката вечерва да ги уживаат во Занаетчискиот дом во Куманово каде ќе настапат еминентни групи во делот на џез музиката и се надевам дека ќе бидат задоволени сите барања на нашите гледачи“, истакна Марјан Стевановски, директор на фестивалот.
Тој вели дека оваа година фестивалот е поскромен и ќе трае една вечер, за разлика од предходните години кога биле по 2-3 дена и имало повеќе учесници.
„Но, сепак имаме меѓународен карактер, затоа што овие имиња многу значат за нашата земја и за меѓународната сцена. Настапуваат квартетот Инсајд суисајд и Гоце Мицанов, кој за прв пат настапува на џез феситаволот во Куманово, но има настапувано на пример со Реј Чарлс. Навистина големо име и е големо задоволство што вечерва ќе биде тука“, потенцира уметничкиот директор Филип Стевановски.
Ова година не наишле на разбирање од државните институции, а локалната самоуправа им помогнала со 80 илјади денари. Поддржувачи на настанот, кои секоја година, континуирано спонзорираат се и неколку приватни стопански субјекти.
Влезот е слободен за сите заинтересирани.