×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден месец нема трага од мајка и 7-годишна ќерка од Куманово

    28.09.2022 11:42 | KumanovoNews

    Еден месец нема ни трага, ниту глас од триесет и две годишна мајка и нејзината 7-годишна ќерка од Куманово. Сабина и Елиф ги бара семејството преку социјалните мрежи, но и на терен, а во потрагата се вклучени и МВР и Обвинителството. 

    Еден месец нема трага од мајка и 7-годишна ќерка од Куманово

    За случајот МВР има распишано потерница за Дехран К. (42) од Куманово кој бил невенчан сопруг на Сабина и со кого таа живеела.  Апел за помош во потрагата е испратен и преку социјалните мрежи каде е оставен телефонскиот број 078 234-029 за сите граѓани кои имаат било каква инфорација за Сабина и Елиф.

    За порталот МКД.мк блиските на Сабина изјавиле дека поседуваат снимки од насилството кое таа го трпела, била тепана и малтретирана, а осомничениот Дехран имал проблеми со алкохол. Работел како овчар по околните села, а блиските на мајката и девојчето ги барале и кај семејствата каде тој работел. Единствената информација која ја добиле од едно од семејствата од кумановски села е дека минатиот месец Дехран ја тепал Сабина, а семејството на кое им ги чувал овците, ги избркало од имотот.

    Последен пат Сабина и Елиф контактирале со семејството на 28 август, годинава. Сабина претходно била во брак со таткото на Елиф, кој по разводот заминал за Германија. Мајката и ќерката останале да живеат со Дехран. Цел месец никој ниту ги чул, ниту ги ведела, а трага нема ниту од невенчаниот сопруг.

    Од МВР потврдуваат дека ги бараат мајката и ќерката, како и дека е распишана потерница по невенчаниот сопруг кој се бара за сторено кривично дело.

    „На 09.09.2022 во 14.30 часот од страна на И.Н. (59) е пријавено дека неговата внука С.С. (32) заедно со нејзината малолетна ќерка Е. И. пред околу 15 дена поточно на 25.08.2022 не биле достапни за контакт. Известен е јавен обвинител. СВР Куманово презема мерки за пронаоѓање на Д.К. (42), невенчан сопруг на С.С. поради сомнение за извршено кривично дело. Се преземаат мерки за расчистување на случајот", велат од МВР.

    (фото.мкд.мк)