×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден починат, 30 новозаболени и 26 оздравени од корoнавирус во Куманово

    22.03.2021 19:13 | KumanovoNews

    Во Центрот за јавно здравје во Куманово, во изминатото деноноќие регистрирани се нови 30 случаи на ковид-19, оздравени се 26 пациенти, а едно лице ја загубило битката со коронавирусот.

    Еден починат, 30 новозаболени и 26 оздравени од корoнавирус во Куманово

    На ниво на државата забележани се 457 нови случаи, од вкупно 1.682 тестирања од ковид-19, соопшти Министерството за здравство.  

    Нови случаи се регистрирани во: Скопје – 198, Прилеп – 32, Куманово – 30, Охрид – 29, Велес – 25, Кавадарци – 24, Штип – 17, Тетово – 16, Гевгелија – 15, Гостивар – 13, Струмица и Кочани – по 9, Струга, Неготино, Свети Николе, Македонски Брод, Виница – по 5, Пробиштип – 3, Кичево, Крива Паланка, Радовиш и Богданци – по 2, Ресен, Дебар, Берово и Кратово – по 1.

    Починати се 30 лица, на возраст од 50 – 84 години и тоа: 8 од Скопје, од Прилеп – 6, од Битола и Охрид – по 3 починати, од Кочани и Демир Капија – по 2 и по едно лице од Куманово, Тетово, Велес, Струга, Неготино, и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.

    Регистрирани се 700 оздравени пациенти од: Скопје – 291, Кавадарци – 52, Неготино – 42, Охрид – 38, Велес – 36, Прилеп – 35, Куманово – 26, Крива Паланка – 25, Гостивар – 23, Гевгелија – 18, Битола – 15, Струга – 14, Струмица – 13, Кочани – 11, Богданци – 10, Тетово – 8, Берово – 7, Штип ,Радовиш и Демир Капија – по 5, Пробиштип и Валандово – по 4, Свети Николе и Кратово – по 3, Демир Хисар – 2, Кичево, Ресен, Виница, Крушево и Македонски Брод – по 1.

    Досега во земјата се направени вкупно 591.958 тестирања на ковид-19.

    Вкупно ковид дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 119.828, оздравени се 101.474, починаа 3.503, а активни случаи се 14.851.

    Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

    Скопје 53370, активни 7604

    Прилеп 6529, активни 940

    Куманово 6271, активни 547

    Тетово 6003, активни 452.