×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден починат и 20 новозаболени од коронавирус во Куманово

    07.03.2021 20:17 | KumanovoNews

    Во последните 24 часа се регистрирани 333 нови случаи на ковид-19 од направени 2.259 тестирања, соопшти Министерството за здравство.

    Еден починат и 20 новозаболени од коронавирус во Куманово

    Новите случаи се во: Скопје – 182, Кавадарци – 22, Куманово и Охрид – по 20, Тетово – 15, Битола – 11, Прилеп – 9, Неготино – 8, Велес и Ресен – по 7, Гостивар – 6, Гевгелија – 4, Струмица – 3, Струга, Кичево, Свети Николе, Крива Паланка и Кратово – по 2, Штип, Кочани, Дебар, Радовиш, Берово, Виница, Богданци, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.

    Изминатите 24 часа се пријавени вкупно 10 починати лица. Починати се тројца пациенти од Скопје (85, 70, 70),  двајца пациенти од Кавадарци (90, 59) и по еден пациент од Штип (47), Велес (59), Кочани (79), Куманово (82) и Охрид (68). Девет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент во домашни услови.

    Досега во земјата се направени вкупно 543.254 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 107.163, бројката на оздравени пациенти е 94.729, на починати е 3.195, а бројот на активни случаи изнесува 9.239.

    Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата на нови и активни случаи по градови е следна:

    Скопје 182, активни 4.327

    Куманово 20, активни 352.