×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден починат и 35 новозаболени од ковид-19 во Куманово

    16.10.2021 19:36 | Сузана Николиќ

    Во изминатите 24 часа од направени 3.595 тестирања регистрирани се 395 нови случаи на ковид-19, оздравени се 245 пациенти, а починале 14 лица. Дополнително пријавени се уште 7 починати лица, кои починале во периодот од 5 септември до 10 октомври, информира Министерството за здравство.

    Еден починат и 35 новозаболени од ковид-19 во Куманово

    Пријавени се 6 починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г), Радовиш(67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

    Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, пријавени се уште 7 починати лица, со датум на смрт од од 5 септември до 10 октомври. Регистрирани се тројца починати лица од Скопје, два починати лица од Тетово и по едно починато лице од Крива Паланка и Прилеп, на возраст од 58 до 88 години. Од пријавените лица 4 се починати во болнички услови, а 3 во домашни услови.

    Нови случаи се регистрирани во: Скопје – 177, Куманово – 35, Велес – 31, Штип – 21, Кавадарци – 19, Прилеп – 17, Охрид и Кочани – по 12, Битола – 11, Струмица – 10, Гевгелија – 7, Тетово – 6, Кичево – 5, Кратово – 4, Гостивар, Свети Николе,Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци – по 3, Пробиштип – 2, Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

    Регистрирани се 245 оздравени пациенти од: Скопје – 121,Велес – 22, Куманово – 21, Штип – 15, Кавадарци – 10, Струмица – 8, Прилеп – 7, Кочани – 5, Битола, Дебар иВиница – по 4, Тетово и Кичево – по 3, Гевгелија, Кратово, Радовиш, Ресен, Богданци и Пробиштип – по 2, Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Неготино, Делчево иМакедонски Брод – по 1.

    Досега во земјата се направени вкупно 1.339.824 тестирањана ковид-19.

    Вкупно ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата се 196.762, оздравени се 183.027, починаа 6.922, а активни се 6.813 болни.