Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа регистрирани се 43 нови случаи на ковид-19, а направени се 3.007 тестирања , информира Министерството за здравство. По градови од: Скопје – 24, Куманово – 5, Битола и Охрид – по 3, Прилеп, Тетово и Кичево – по 2, Гевгелија и Виница – по 1.
Регистрирани се 48 оздравени пациент од: Скопје – 17, Прилеп – 6, Битола – 5, Охрид – 4, Штип, Струга и Ресен – по 3, Куманово, Тетово, Виница, Гостивар, Струмица, Кочани и Пробиштип – по 1.
Пријавени се вкупно 6 починати лица: 2 лица од Скопје (67г и 86г) и по едно лице од Битола (79г), Куманово (81г), Тетово (73г) и Велес (66г). Од пријавените, 2 лица се починати во домашни, а останатите 4 во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 802.272 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.345, бројката на оздравени пациенти е 148.846, на починати е 5.429, а бројот на активни случаи изнесува 1.070.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68543, Активни 444
Куманово 8835, Активни 108
Прилеп 8306, Активни 57
Тетово 7216, Активни 45
Битола 6295, Активни 51.