Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Бројот на заразени од коронавирус во Куманово рапидно се зголемува. Денеска се регистрирани рекордни 94 заболени, еден починат и 26 оздравени.
На ниво на државата во изминатото деноноќие, а од 4.277 тестирања регистрирани се 1.422 нови случаи.
Во Скопје се регистрирани најмногу, 618, Куманово – 94, Прилеп – 89, Велес – 76, Тетово – 63, Гостивар – 54, Кавадарци – 53, Битола – 50, Штип – 39, Гевгелија – 38, Охрид – 33, Струмица – 27, Неготино – 26, Кочани – 22, Кичево – 17, Струга 13, Ресен – 12, Пробиштип – 10, Дебар, Берово и Свети Николе – по 9, Крива Паланка и Радовиш – по 8, Валандово – 7, Богданци и Демир Капија – по 6, Македонски Брод и Пехчево – по 5, Виница и Делчево – по 4, Крушево – 3, Демир Хисар и Кратово – по 2, Дојран – 1.
Според Министерството за здравство, од компликации на ковид-19 починале 33 пациенти. 12 од Скопје (83,82,81,75,74,72,70,70,69,62,43,38), по тојца од Тетово (69,60г,41) и Кавадарци (78,77,71), по двајца од Битола (83,65), Прилеп (73,68) и Ресен (75,66) и по едно починато лице е пријавено од Куманово (62), Гостивар (57), Охрид (64), Струмица (72), Струга (76), Крива Паланка (85), Валандово (79), Крушево (53) и Кратово (76). Сите починале во болнички услови.
Регистрирани се 457 оздравени пациенти од: Скопје – 128, Прилеп – 50, Кавадарци -33, Неготино – 28, Гостивар – 26, Куманово, Тетово и Велес – по 25, Струмица – 17, Гевгелија – 16, Штип – 15, Битола и Кочани – по 11, Берово -10, Валандово – 6, Радовиш – 5, Кичево и Крушево – по 4, Крива Паланка, Делчево и Демир Капија – по 3, Пробиштип и Виница – по 2, Охрид, Ресен, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Дојран – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 607.956 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 124.910, бројката на оздравени пациенти е 103.831, на починати е 3.607, а бројот на активни случаи изнесува 17.472.