28. 09. 2020 20:07

Еден починат и тројца новозаболени од коронавирус во Куманово

Еден починат и тројца новозаболени од коронавирус во Куманово

Во Центарот за јавно здравје во Куманово во изминатите 24 часа регистрирани се еден починат, тројца позитивни и тројца оздравени од ковид-19.

На ниво на државата направени се 387 тестирања, а регистрирани се 48 нови случаи на ковид-19. По градови во: Скопје 20, Кочани 9, Струмица 4, Куманово 3, Дебар 1 и др.

 Починати се 4 пациенти од Скопје (73 и 62), Куманово (69) и Тетово (72).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент. Тројца од Куманово.

Досега во земјата се направени вкупно 185.708 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17674, бројката на оздравени пациенти е 14642, на починати е 729, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2303.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk