Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа регистрирани се 29 нови случаи на ковид-1 , а направени се 3.856 тестирања, информира Министерството за здравство.
По градови од: Скопје – 8, Куманово – 3, Прилеп, Тетово, Битола, Гостивар, Охрид, Виница и Кратово – по 2, Велес, Радовиш, Делчево и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани се 50 оздравени пациент од: Скопје – 39, Куманово, Прилеп и Битола – по 2, Виница, Кочани, Кичево, Гевгелија и Свети Николе – по 1.
Пријавени се вкупно 6 починати лица: по едно лице од Скопје (40г), Куманово (78г), Прилеп (95г), Тетово (54г), Штип (61г) и Струмица (73г).
Од пријавените, едно лице е починато во домашни, а останатите 5 во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 811.693 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.407, бројката на оздравени пациенти е 148.960, на починати е 5.448, а бројот на активни случаи изнесува 999.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68563, Активни 395
Куманово 8843, Активни 109
Прилеп 8309, Активни 56
Тетово 7219, Активни 43
Битола 6298, Активни 51.