Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Општа болница Куманово згрижено е едно лице, повредено во пожарот во дискотека во Кочани. Тој во болницата е испратен од Клиничкиот центар во Скопје.
„Едно лице е згрижено во кумановската болница со полесни повреди и надвор од животна опасност. Има опекотини на лицето и десната надлактица и изместување на надлактицата, како и полесни набиеници по телото“, истакна д-р специјалист Стефан Трајановски, директор на болницата.
То кажа дека операциските сали и тимовите се подготвени да реагираат и да згрижат дополнителен број на пациенти доколку се има потреба.