Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Изгоре стовариште за градежен матерјал и плочки на приватна компанија во населбата Доброшане во Куманово. Пожарот избил вчера околу пладне, а пожарникарите го гаснале повеќе од 12 часа. Притоа што еден пожарникар полесно е повреден и примен во Општа болница Куманово.
„Пожарникарот е во добра здравствена состојба, без воочливи последици и веќе ги извршува своите денешни работни обврски. Се работи за искусен 50-годишен пожарникар, кој досега бил на безброј интервенции, но вдишал чад. Нашиот колега беше упатен во болница за да прими кислородна терпија“, истакна Деан Илиевски, командир на ТППЕ Куманово.
Увид на местото на пожарот извршиле екипи на СВР Куманово.
„На 1 октомври, во 14,15 часот во селотот Доброшане настанал пожар во стровариште на приватна фирма. ТППЕ го изгаснала пожарот, а при гаснењето на пожарот еден пожарникар се здобил со повреди и бил пренесен во Општа болница Куманово за укажување на лекарска помош“, соопштуваат од МВР.