×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка на Трета „МУБ“

    29.07.2021 09:14 | Сузана Николиќ

     Според МВР, сообраќајката се случила вчера околу 13.30 часот во близина на слаткарницата „Јулија“, на бул.„Трета македонска ударна бригада“, кога автомобил удрил во паркирано возило и тројца луѓе додека влегувале во колата.

    Еден загинат и двајца повредени во сообраќајка на Трета „МУБ“

    „Патничко возило „форд фиеста“, со кумановски регистарски ознаки,  управувано од М.П.(70) од Куманово, удрило во паркирано патничко возило  „сеат толедо“, со кумановски регистарски ознаки и во Т.М.(34), А.Љ.(50) и А.Х.(48), сите од Куманово“, кои влегувале во возилото, информира МВР.

    Со возило на Итна помош повредените биле пренесени во Општата болница Куманово, каде А.Х.(48) им подлегнал на повредите, а на Т.М. и А.Љ. им биле констатирани телесни повреди. Телото на починатиот е предадено на обдукција. 

    Извршен е увид на местото на незгодата од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.