Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Едно момче загина, а тројца негови сопатници се повредени во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на магистралниот пат Крива Паланка - Ранковце, во село Љубинци.
Според МВР, околу 01.30 часот било пријавено дека на магистралниот пат Крива Паланка-Ранковце, во село Љубинци, И.М.(21) од Крива Паланка, управувајќи патничко моторно возило „ауди” со кривопаланечки регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото удрил во банкина на патот.
„Од здобиените повреди, возачот И.М. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека, сопатниците Ј.С. (21), Х.С.(22) и М.С.(21), сите од Крива Паланка, се здобиле со повреди констатирани во Општа болница Куманово. Увид на место на настанот извршила екипа од ОВР Крива Паланка“, соопшти МВР.
Сообраќајот на патниот правец Крива Паланка - Ранковце до 05:25 часот утрово бил во целосен прекин.
(фото: архива кумановоњуз)