×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еден загинат во сообраќајка во Доброшане, опожарена куќа на „Доне Божинов“

    02.02.2023 08:57 | Сузана Николиќ

    Едно лице им подлегнало на повредите кои ги задобило во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово - Свети Николе во населбата Доброшане. Сообраќајката се случила синоќа по 20 часот, а интервенирала и Противпожарната служба, стои во дневниот извештај на Регионалниот центар за управување со кризи.
     

    Еден загинат во сообраќајка во Доброшане, опожарена куќа на „Доне Божинов“

    „Територијалната противпожарна едница имала техничка интервенција во с. Добрашане на тешка сообраќајна несреќа на судир помеѓу патничко возило и автобус, каде едно лице им подлегна на повредите и го загуби животот. Интервенирано е во временски период од 20,55 до 21,20 часот со 1 ПП возило и 4 пожарникари“, стои во соопштението. 

    И од Итната медицинска помош Куманово потврдиле дека во 20,40 часот интервенирале на тешка сообраќајна несреќа во с. Добрашане каде едно лице го загубило животот.

    Пожарникарите во текот на вчерашниот ден околу пладне на ул. Доне Божинов бр. 48, гаснеле опожарена семејна куќа. Во пожарот изгореле три врaти, фасада на објектот како и клима уред. Причинета е поголема материјална штета, чија висина допрва ќе се утврдува. Причината за пожарот не е позната.

    Интервенција на Противпожарната служба имало и на запалена сува трева во атарот на с. Речица во период од 16,40 до 19,45 часот.