×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Екологистите го заборавија Денот на животната средина?

    06.06.2013 21:11 | KumanovoNews

     Денеска е Светскиот ден за заштита на животната средина, но еколошките друштва од градот и надлежните институции го заборавија.

    Екологистите го заборавија Денот на животната средина?

    Освен акцијата за чистење во селото Проевце што ја организира невладината организација Бујрум, други активности посветени на денот и нема.

    Кумановци се разочарани што во Куманово не се посветува доволно внимание за зачувување на животната средина како што тоа се прави во големите модерна и урбани заедници. Тие сметаат дека коритото на реката Кумановка, населбата Средорек, депонијата на влезот на населбата „Перо Чичо„ кај пругата, Стариот градски парк, комплексот „Вруќа вода„ и зеленилото на Спомен Костурницата, даваат толку грда слика за градот, поради што треба сите да се срамиме.

    Со исклучок на парковите на Градскиот плоштад,  Градскиот кеј и Соколанскиот парк, останатите тревни површини во градот личат на стрништа. Тревата е најчесто изгазена и претворена во патеки, а доколку некаде ја има, тогаш е прерасната и неискосена. Таква е состојбата на просторот по целата должина на булеварите и улиците, како и пред стамбените комплекси. Зеленилото му дава душа и живот на градот, а тоа го нема кај нас. Се е запуштено и уништено .- смета  Никола А..

    Вината за ваквата состојба граѓаните ја бараат во градските служби кои се задолжени за одржување на зеленилото во градот, но и во ниската  еколошка свест и воспитувањето на граѓаните, кои ја уништуваат животната средина и фрлаат ѓубре каде ќе стигнат.

     Се гледа по самиот град дека е многу запуштено и валкано. По улица фрлаат хартии, кеси, отпушоци. Џабе ако еден човек е свесен, кога останатите немаат навики за урбано живеење. Не им личи кога ќе ги видам како газат по трева. Па и тие тука живеат и треба малку да водат сметка - вели Живка Петровска од Куманово.

    Дел од граѓаните сметаат дека само строги казни ќе ги одвикнат несовесните луѓе од лошите навики и ќе се заштити природата.

    Само казни можат да ги одврата оние кои го фрлаат сметот до контејнер или го палат. Во населба Перо Чичо кај што живеам јас, многу е валкано. Тоа е штета за сите, бидејќи населбата е нова и се градат убави куќи. Секоја празна нива, мора да е извалкана со ѓубре, кеси, облека. - изјави Весна Апостоловска.

    Мотото за одбележување на Светскиот ден за заштита на животна средина оваа година е “Мисли - јади - зачувај“, со што граѓаните треба да се свестат дека храната се купува и не треба да се фрла.