×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Електронски увид во книгите во библиотеката

    12.03.2015 10:41 | KumanovoNews

     Читателите по електронски пат можат да направат увид во книгите со кои располага Градската библиотека “Тане Георгиевски“, на веб страната на Виртуелни библиотеки на Македонија www.vbm.mk.

    Електронски увид во книгите во библиотеката

    Книгите кои ги поседува библиотеката се внесeни во базата на податоци на наведениот сајт, по што корисниците во секое време, електронски, имаат пристап до библиотечниот фонд.

    “Последниве години ацентот во нашето работење е ставен на дигитализација на библиотеката. Сите книги кои се купени или набавени на друг начин, електронски се ставени во базата на податоци, за да можат сите корисници од било каде, во било кое време да имаат пристап и да видат дали одредена книга ја имаме. Не да ја читаат книгата, бидејќи не се работи за дигитализација на книгата, туку да видат дали книгата ја имаме. И стариот фонд ретроактивно се внесува во базата на податоци“ - вели Нада Ивановска, директорка на “Тане Георгиевски“.

     Со оваа новина библиотеката се вклопува во новите трендови за дигитализација заради полесно доаѓање до информацијата. Библиотеката лани набавила над 5000 книги.