Елизабета Секирарска најдобра професорка во државата
07.10.2013 13:14
| KumanovoNews
Елизабета Секирарска, професорка во средното економско училиште “Перо Наков“ е прогласена за просветен работник на годината во Република Македонија за 2013 година на ниво на средни училишта.

Секирарска предава менаџмент, маркетинг, практична настава и зад себе има 20 години работно искуство.
Таа на 24 мај доби признание за просветен работник на годината за 2013 година за град Куманово. Оваа награда и ја додели Здружението на просветни работници од Куманово.
(фото: Најдобрите општински просветни работници со градоначалникот)