×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Елизабета Спасиќ, специјалист офталмолог: Тимската работа и посветеноста на пациентите не прави најдобри во тоа што го работиме

    02.10.2023 10:04 | KumanovoNews

    Првата приватна очна болница Систина Офталмологија, неодамна отвори дијагностички центар во Куманово. Систина Офталмологија е единствена очна болница во земјата која нуди интегрирана и контиунирана грижа на пациентите на целата територија на земјата преку следење и координација на состојбите на своите пациенти меѓу оперативниот центар во Скопје и своите дијагностички центри. Дијагностичкиот центар во Куманово го води Елизабета Спасиќ, специјалист офталмолог, која е докажан професионалец и врвен стручњак во офталмологијата. 

    Елизабета Спасиќ, специјалист офталмолог: Тимската работа и посветеноста на пациентите не прави најдобри во тоа што го работиме

    Го водите Дијагностичкиот центар на Систина Офталмологија во Куманово. Што значи тој професионален ангажман во вашата долгогодишна лекарска кариера?

    Професионалната кариера е како животна сложувалка, секој нов ангажман е уште едно нејзино парче, на кое особено се радувам и го прифаќам со многу позитивна енергија. Со раководењето на дијагностичкиот центар во Куманово, ја надградувам мојата досегашна кариера, со многу посветеност во работата и очекување на уште поголеми резултати. Навистина ми е чест и многу сум задоволна, што сум дел од тимот на приватната очна болница Систина Офталмологија. Како што од самиот почеток на работата можев да забележам, сите успеси на болницата се постигнуваат со тимска работа. Сите ние сме фокусирани на тоа, пациентите да ја добијат најдобрата медицинска грижа и да имаат позитивни искуства во нашата болница.

    Kакви прегледи се прават во Дијагностичкиот центар?

    Дијагностичкиот центар на Систина Офталмологија во Куманово, е модерен офталмолшки центар во кој ги правиме сите видови на прегледи што им се потребни на нашите пациентите. Дополнитено на прегледите, како клучен дел во поставување на дијагноза кај пациентите е и сеопфатната модерна офталмолошка дијагностика со помош на најнова апаратура како што е Оптичка кохерентна томографија, ЕХО дијагностика, видно поле . Во дијагностичкиот центар се прават и интервенции на очни капаци и преден сегмент на окото. Работиме и со анти ВЕГФ терапија, со пациентите кои имаат промени на очното дно, поради дијабетес или дегенеративни процеси на окото.

    Дијагностичкиот центар во Куманово, е уште еден дел од мисијата на Систина Офталмологија, на пациентите да им понудиме најквалитетна можна услуга , и да им излеземе во пресрет на најдобар можен начин . Покрај тоа што сме профилирани како водечка очна болница во Скопје, со отворањето на дијагностичките центри во градовите, одиме уште еден чекор поблиску до нашите пациенти, обезбедувајќи им лесно достапна очна здравствена заштита.

    Имате долгогодишно искуство во јавното здравство. На кој начин тоа може да ви помогне во комуникацијата со пациентите и градењето на позитивни искуства?

    Без оглед во која сфера на здравството работиме, ние докторите , треба да градиме цврсти врски со нашите пациентите , кои се основани на доверба. Комуникацијата со пациентите во сите здравствени сегменти треба да биде отворена и двонасочна , што значи дека докторот треба секогаш да е достапен за пациентот, со совет ,мислење, или едноставно со добар збор.

    Пациентите, кога се поврзуваат со нас, докторите, се поврзуваат и со болниците во кои што работиме, односно институциите им стануваат помалку или повеќе доверлив партнер, секогаш кога им треба здравствена грижа.

    Што мислите дека е најважно за докторот да ја има довербата и лојалноста на пациентите ?

    Довербата и лојалноста на пациентите , неможе да се добие преку ноќ. Тоа е долгорочен процес на посветеност , голема медицинска експертиза , покажување на силна емпатија и разбирање на пациентите . Хипократовата заклетва треба да не води, во вистинска смисла на зборот, кога му приоѓаме на секој пациент. Кога ќе стекне доверба во докторот и во болницата што ја одбрал, тогаш пациентот станува лојален и ние секогаш ја добиваме неговата препорака.

    Што правите кога имате слободно време?

    Слободното време често го користам за да се надградам професионално, многу читам стручна литература и гледам снимени матерјали од областа на офталмологијата . Но , секогаш имам еден дел од слободното време , резервиран за семејството и пријателите , со кои секојдневно ги збогатувам и продлабочувам личните односи.

    Сакате ли да спортувате, имате ли некакво хоби?

    Во здраво тело здрав дух - ми е животно мото . Сакам да сум во природа што е можно повеќе , да пешачам, да спортувам . Пасија ми се пливањето и скијањето.

    Која книга, или можеби концерт , би ни го препорачале?

    Многу сакам да читам , и читам , најчесто белетристика , а на класиците секогаш со задоволство им се навќам. Омилени писатели ми се Достоевски и Андриќ. Со задоволство ги препорачувам книгите “Кога цветаа тиквите“ на српискиот писател Драгослав Михаиловиќ и “Папокот на светот“ од Венко Андоновски. Сакам да одам и на концерти, а оние на Белградската филхармонија секогаш ме оставаат без здив.

    (ПР текст)