Есенско уредување на паркови
07.10.2011 10:19
| KumanovoNews
ЈП „Чистота и зеленило„ започна со есенското одржување на зелените површини во градот. Во парковите на Градскиот плоштад се корне летното цвеќе, и се подготвува земјиштето за засадување на есенскиот расад од сопствено производство.

Истовремено се работи на редовно уредувње и одржување на жардиниерите на булеварите „Трета МУБ„ и „Октомвриска револуција„, а се кројат и зимзелените растенија.