Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Уметничката галерија во Куманово, утревечер (22.11.), со почеток во 19.30 часот, ќе биде отворена изложбата „Препознатливост на албанската носија“.
Идејата за една ваква поставка е на Валентина Илиевска, виш кустос етнолог,а главен и одговорен уредник е директорот на НУ Музеј Куманово Мери Николиќ.
„На изложбата ќе бидат претставени елементи на облека од албанската традиционална носија, изработени од вештите раце на албанската жена“,изјави Илиевска, која ја подготвуваше изложбата.
Соработник на етнолошката изложба е Фериане Исени, а стручни совети и дел од експонатите обезбедуваат Валентина Андреиќ, виш кустос и Земиље Ебиби, моден дизајнер,професор на Текстилно-кожарската струка во СОУ Перо Наков на албански наставен јазик.
„Има многу разноврсни и женски и машки модели, носии, кои се носеле во секојдневниот живот и за посвечени пригоди, како што се свадби, празници.Елеците се везат со златен конец -срма, а бордурите на ракавите на кошулите се плетат со најлон-конец, постапка која е многу тешка и мачна, но дава извонредни резултати“објаснува Ебиби.
Изложбата може да се погледне во наредните неколку денови. За изложбата е обезбедена финасиска поддршка од Министерството за култура.