Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ЕУ Инфо Точка од општинската зграда е преселена спроти Градскиот плоштад во поранешната цвеќарница.
Поради просторни услови бевме принудени да ја дислоцираме Инфо Точката каде што граѓаните во текот на целиот ден ќе можат да се обратат за информации за Европската Унија, за проекти, за младински програми и се што е поврзано со работата на институциите на ЕУ. Може да се подигнат многу материјали, публикации кои ги поседуваме. Имаме компјутер и ќе можат граѓаните да користат услуги, да се запознаат со ЕУ во било која сфера - вели Елизабета Цветковска, координатор на ЕУ Инфо Точка.
ЕУ Инфо Точката постои 10 години и во континуитет се развива.