×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, другите горива со исти цени

    26.04.2021 11:50 | KumanovoNews

    Цените на нафтените деривати остануваат непроменети, освен за Еуросупер БС-95 кој се намалува за половина денар.

    Еуросупер БС-95 поевтинува за половина денар, другите горива со исти цени

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) ги намали малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,38 отсто, во однос на цените донесени на 19 април. Со новата одлука, од ноќеска малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-98, Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат и остануваат на истото ниво од пред една недела. Цената на бензинот Еуросупер БС-95 се намалува за 0,50 денари за литар. Намалување има и кај цената на Мазутот М-1 НС за 0,400 денари.

    Од утре, Еуросупер БС – 95 ќе чини 67 денари за литар, Еуросупер БС -98, 69 денари за литар, дизел гориво Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава по 58,50 денари за литар, маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 58 денари, а мазутот М-1 НС 34,592 денари за килограм.

    Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат намалување кај бензинот за 0,242 отсто, кај дизелот има зголемување за 0,742 отсто, кај екстра лесното масло за 0,902 отсто, а кај мазутот има намалување за 0,543 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот бил понизок за 0,844 отсто.